Приватните специјализанти добија ветување од МЗ: Од април ќе ни биде коригирана платата и здравственото осигурување

„За трансформацијата на договор на дело во договор на неопределено добивме информација дека 1 117 согласноти пристигнале од Владата во месец февруари, но не се реализирани поради мораториумот за изборниот процес. Беше дадено ветување за масовни конкурси во јавно здравствените установи по завршување на изборите. Ние бараме измена на законот во критериумите за вработување да им биде дадена предност на колегите на специјализација“, рече д-р Александра Георгиева, претседателката на Здружението на лекари специјализанти.

Откако денеска со транспаренти на кои пишува „Наша борба, наше здравје“, „Плати скромни, трошоци огромни“ пред Министерството за здравство протестираа лекарите специјализанти, а потоа имаа средба со претставници од ресорната установа, попладнево од Здружението на лекари специјализанти соопштија дека им било ветено веќе од следниот месец да им биде корегирана платата.

Поврзани објави
Total
0
Share