Претседателските кандидати на митинзи и средби со граѓани во повеќе региони

Претседателските кандидати, денеска, на деветтиот ден од предизборната кампања, продолжуваат со претставување на своите програми на митинзи и средби во повеќе региони во државата.

Државната изборна комисија на денешната седница ќе го разгледа и усвои Извештајот на ДИК за преземените работи согласно член 153-а од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот од мандатот

Тимот на кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата најави активности во Дебар, Гостивар и Тетово, додека претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски ќе се претстави во скопските општини Илинден, Петровец, Карпош, како и во Центар, каде ќе има централен митинг.

Претседателската кандидатка на Левица Билјана Ванковска ќе има средби во Македонска Kаменица и Делчево, а кандидатот на Движењето ЗНАМ во Демир Капија, Неготино и Росоман, како и митинг во Кавадарци.

Кандидат за претседател на коалицијата Вреди Арбен Таравари и претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, пак, најавија средба со Албанската академија на науките и уметност во Тетово.

И на вчерашните предизборни активностипораките и ветувањата на кандидатите беа за евроинтеграциите, борбата против корупцијата и криминалот, надлежностите на претседателот, стандардот на граѓаните, но и за заштита на животната средина….

Поврзани објави
Total
0
Share