Претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски на средби со граѓаните во Струга

,,Струга е град сличен на градот од каде што доаѓам. Мултиетничка средина, во која треба да се сакаме и почитуваме и да живееме заедно. Но притоа не смееме да дозволиме политиката да ги дели граѓаните и да создава чувство на граѓани од втор ред. Сведоци сме дека во нашата држава се случуваат големи неправди, а особено спрема припадниците на македонскиот народ. Се случува еден феномен на партизација на целиот систем од оние што со пушка влегоа во Собрание, па потоа во извршната власт, а сега гледаме како ја запоседнуваат и судската власт и ги користат останатите, наводно големи партии, како превезок во коалиција, кои притоа се ставаат во целосна функција на ДУИ. Токму затоа не сакам да ја оставам државата да расте и да се развива така. Затоа се одваживме да се вратиме таму каде што припаѓаме, на крушевските и АСНОМ-ските корени. Ние сакаме во суштина да ги промениме работите во Македонија “, рече Димитриевски.

Димитриевски порача дека Движењето ЗНАМ е нов политички субјект кој што сака да ги обединува, а не да ги дели граѓаните.– Првенствено Македонците, а потоа и сите етнички заедници заедно, рече Димитриевски.Тој посочи дека треба да се научиме како да живееме и да градиме реален соживот, бидејќи, како што рече, соживот е да имаш права, но и обврски, а потребно е да има взаемна почит.

Поврзани објави
Total
0
Share