Претседателот на Иран,Раиси упати порака до сојузниците на Израел

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси денеска изјави оти Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) „му одржа лекција“ на најголемиот непријател на земјата – Израел.

Казнувањето на агресорот, што беше искрено ветување на моќниот и мудар лидер на Исламската револуција, се оствари, посочи Раиси.Тој ги предупреди израелските сојузници да не планираат контранапад.– Ги советуваме поддржувачите на окупаторскиот режим да ја ценат оваа одговорна и пропорционална акција на Исламската Република Иран, посочи Раиси.Тој додаде дека во случај на непромислено однесување на Израел, реакцијата на Иран ќе биде посилна.– Доколку ционистичкиот режим или неговите поддржувачи покажат непромислено однесување, ќе добијат порешителен и многу посилен одговор, наведе Раиси.

Поврзани објави
Total
0
Share