Претседателот на ДУИ Али Ахмети гласаше во Зајас: Ја имаме историската шанса еднаш засекогаш да кажеме НЕ на Русија, ДА на Европа!

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска гласаше во селото Зајас во општина Кичево.

Тој ги охрабри граѓаните да излезат на гласање во што поголем број и да го изразат својот став заради остварување на своето демократско право.

,,Денес, во мојот Зајас, го искористив демократското право на глас за да оставам трагови на својот придонес во трасирање на европската иднина.

Со нашиот глас ја имаме историската шанса еднаш засекогаш да ја запечатиме нашата евро-американска ориентација, да кажеме НЕ на Русија, ДА на Европа!

Затоа, Ве повикувам сите да гласате за големата победа на нашата европска кауза!

Посакувам успешен изборен процес, во целосно демократски и европски дух! – изјави Ахмети.

Поврзани објави
Total
0
Share