Претреси во Скопје, приведено едно лице, дел од криминална група која изврши тешка кражба

По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје открија криминална група која на 25.07.2023 изврши тешка кражба во дом на ул.„Ловќенска“, при што беше одземен сеф. Имено, по преземени мерки е констатирано дека тие со употреба на сила и подесен алат влегле во домот и го извршиле делото.

По консултација со јавен обвинител и по добиена судска наредба извршен е претрес на неколку локации на подрачјето на Чаир и Никиштани, скопско, при што биле пронајдени предмети поврзани со извршеното кривично дело. Притоа, од слобода бил лишен А.М.(24) од Никиштани, додека за останатите лица кои го извршиле делото се распишани расписи. По комплетно документирање на сите докази, против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по чл. 236 од Кривичниот законик.

Поврзани објави

Цврста поддршка на Украина по неоправданата руска агресија- телефонски разговор на Силјановска со Зеленски

Од кабинетот на Претседателката Гордана Сиљановска Давковa соопштија дека таа денеска остварила телефонски разговор со претседателот на Украина,…
Повеќе

Силјановска Давкова: Нека подвигот на светите браќа бидe наш патоказ и морална и духовна вертикала за достоинствено

Претседателката Гордана Силјановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод големиот празник, 24 Мај, Денот на сесловенските просветители…
Повеќе
Total
0
Share