Претпладне облачно, попладне сончево

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 13 до 18 Целзиусови степени.

Поврзани објави
Total
0
Share