Премиерот Џафери и владиниот државен врв во чест на 9 Мај: Цврсто стоиме на браникот против фашизмот и во одбрана на европската идеја

Владиниот државен врв ги одбележува денешниот голем и значаен датум за Република Северна Македонија и за демократскиот свет, 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Владата, Талат Џафери, во состав со министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, и заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ, положи цвеќе и им оддаде почит на борците од Народноослободителната борба пред споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата на Република Северна Македонија.На официјалната церемонија, реализирана со воени почести, почит оддадоа и положија цвеќе и: делегација на Сојузот на борците од НОАВМ, предводена од Наум Бурески, претседател на Градскиот одбор на Сојузот на борците, од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Билјана Блажевска, аѓутант, делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од Снежана Калевска-Ванчева, пратеничка, делегација на Армијата на Република Северна Македонија, предводена од бригаден генерал Орце Јордев, како и претставници од дипломатскиот кор во државата, меѓу кои и амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир, делегација на Град Скопје, претставници на политички партии.Претходно, во церемонија со воени почести, делегации од Владата, од Кабинетот на претседателот на државата, од Собранието, од Сојузот на борците од НОАВМ, претставници од дипломатскиот кор, од Град Скопје, од политичките партии, оддадоа почит и положија цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел.Република Северна Македонија секогаш била на вистинската страна на историјата. Така било за време на Втората светска војна кога земјата била рамо до рамо со прогресивните антифашистички сили. Нашата држава е создадена на рушевините на фашизмот, во извојуваната слобода и со прогресивната идеја за напредок. И, денес, во сложениот геополитички контекст, стоиме со сојузниците како рамноправна членка на НАТО и идна членка на Европската Унија темелејќи го развојот на демократијата.Пораката на премиерот Талат Џафери и на Владата во чест на денешниот 9 Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа, е дека цврсто стоиме и ќе стоиме на браникот пред какви било форми на современ фашизам, кои се закана за мирот и прогресот насекаде во светот. Исто така, со искрена почит кон големата европска идеја, на која се темели изградбата на Европската Унија, ќе продолжиме да придонесуваме во заштитата и афирмацијата на европските вредности како гаранти на мирот и перспективите и на Република Северна Македонија. Република Северна Македонија припаѓа во европското семејство на народи и држави и стремежот на граѓаните за членство во Европската Унија заедно.

Поврзани објави

КЛАН Дебата/Мацановиќ и Мехмети :ВРЕДИ И ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да ги делегитимираат гласовите на другите етнички заедници

Амар Мацановиќ, пратеник  од Левица во новиот парламентарен состав  порача дека сега е времето гласачите од другите етнички…
Повеќе
Total
0
Share