Пред средбата Путин-Ердоган, Русија ги напаѓа пристаништата на Дунав кои се главна рута за извоз на украинското жито

Русија го нападна украинското дунавско пристаниште Измаил

Русија во текот на ноќта изврши воздушен напад врз едно од најголемите пристаништа за извоз на жито во Украина, соопштија украинските власти, неколку часа пред да започнат разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

Украинските воздухопловни сили ги повикаа жителите на пристаништето Измаил, едно од двете главни пристаништа за извоз на жито во Украина на Дунав во регионот Одеса, да се засолнат поради жестоките ракетни напади во оваа област.

Средбата на Путин и Ердоган ќе се одржи во руското црноморско одморалиште Сочи, во време кога Анкара и Обединетите нации се обидуваат да го оживеат договорот за извоз на жито од Црното Море, кој помогна да се олесни глобалната криза со храна. Овие разговори со Москва Анкара ги нарече разговорите клучни за договорот.

Русија го напушти договорот во јули – една година откако беше посредуван од Обединетите нации и Турција – жалејќи се дека нејзиниот сопствен извоз на храна и ѓубрива се соочува со пречки и дека не доаѓа доволно жито во земјите на кои им е потребно.

По напуштањето на Црноморскиот договор за жито, Москва започна чести напади врз пристаништата на Дунав, кои оттогаш станаа главна рута за извоз на жито на Украина.

Денешниот напад , чии размери не се познати – уследи по руските напади кои вчера беа изведени врз другото големо пристаниште на Дунав, пристаништетот Рени, чија инфраструктура беше целосно уништена и беа повредени најмалку две лица, јавува Ројтерс.

Поврзани објави
Total
0
Share