Предизборен молк за претседателските избори

Право на глас имаат 1.814.317 гласачи запишани во единствениот избирачки список.

Во текот на денот ќе гласаат избирачите запишани во посебниот извод од избирачкиот список, односно дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштени и внатрешно раселените лица.

Во посебниот избирачки список за лица кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, запишани се 2.147 избирачи. 534 лица се наоѓаат во установи за вон семејно згрижување а две лица се водат како внатрешно раселени.

Гласањето за претседател започна во саботата – први гласаа членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората. Во посебниот извод од избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијаспората. Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии треба да гласаат 2.571 наши државјани, кои се пријавиле за гласање.

Поврзани објави
Total
0
Share