Пребројани 99,82 отсто од избирачите, Гордана Силјановска-Давкова има 560 170 гласа, а Стево Пендаровски 251 541

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова има над 300 илјади гласови предност пред нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски кој беше поддржан од СДСМ, покажуваат последните податоци објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, ажурирани утринава во 08:40 часот.

По пребројани 99,82 отсто од избирачите, Гордана Силјановска-Давкова има 560 170 гласа (65,14 отсто), а Стево Пендаровски 251 541 (29,25 отсто).

Гласовите се од обработени 3 476 од 3 508 избирачки места.

Последните податоци за излезеноста покажуваат дека гласале 47,48 отсто од граѓаните со право на глас.

Според податоците на ДИК, претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски победил во само 10 општини во државата. Интересно е дека тој извојувал предност пред неговата противкандидатка во општините со доминатно албанско население: Арачиново, Боговиње, Врапчиште, Дебар, Желино, Липково, Пласница, Студеничани и Чаир. Од општините со доминатно македонско население, Пендаровски победил само во Крушево.

Поврзани објави

КЛАН Дебата/Мацановиќ и Мехмети :ВРЕДИ И ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да ги делегитимираат гласовите на другите етнички заедници

Амар Мацановиќ, пратеник  од Левица во новиот парламентарен состав  порача дека сега е времето гласачите од другите етнички…
Повеќе
Total
0
Share