Прва средба Османи – Габриел: Перспективи за поинтензивен дијалог меѓу Македонија и Бугарија

Македонско-бугарските работни групи и ЕУ перспективата на земјава, во фокус на првата средба Османи – Марија Габриел.

Во Дубровник денеска на заедничка маса седнаа шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, но не споделија многу детали до јавноста. Додека на официјалната страница на бугарското МНР не стои воопшто средбата, од македонското МНР испратија само кратко соопштение, во кое се вели дека се создаваат перспективи за поинтензивен политички дијалог меѓу Скопје и Софија.

– На средбата министрите разменија мислење за работата на секторските работни групи, чии резултати се конкретни и видливи за граѓаните на двете земји, реафирмирајќи ја нивната важност за севкупните односи и соработка. – велат од МНР.

Посебен акцент во разговорите беше ставен на европската перспектива на Република Северна Македонија, соодветно на принципите и одредбите од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Марија Габриел вчера на твитер ја најави средбата со Османи, вбројувајки ја како еден од важните состаноци во Дубровник.

Ова е прва средба, меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, откако се формира ротирачка влада во Софија. Сегашната шефица на бугарската дипломатија Марија Габриел, за 9 месеци ќе седне на премиерското столче на Николај Денков.

А пред десетина дена, бугарскиот премиер, по телефонскиот разговор со Ковачевски, порача дека очекува Македонија да го промени уставот според договорениот компромис. На официјална страница на бугарската влада беше објавено дека Николај Денков му порачал на Ковачевски дека напорите за позитивни билатерални односи ќе станат второстепени, ако не се реши соодветно прашањето за вклучување на Бугарите во македонскиот устав.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share