Во текот на викендот се најавуваат невобичаено високи температури за овој период од годиниата, но и висок УВ индекс заедно со топол ветер.
– Висок УВ ИНДЕКС со коефициент 7, како и топол јужен и југозападен ветер не очекува времето викендов, како и во понеделник. Поради повторените изразени јужни и југозападни воздушни струи, од Сахара на наша територија повторно ќе се транспортира прашина и песок, така што атмосферата ќе биде облачно особено во недела и понеделник – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Според него, викендов и во понеделник ќе се достигна рекордни температури за овој период, па дури најавува дека ќе надминат 30 степени.
– Во понеделник во Македонија ќе биде до 32 степени, во регионот над 32 степени.
Во понеделник, на 1 Април во Македонија, како и во регионоит би можело да се мерат температури толку високи за самиот почеток на април што многу долги години сме немале во тоа време толку високи температури на воздухот.