Пратениците од редовите на Алијансата за Албанците, предводени од Зијадин Села, не гласале за измените што ги предложи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Законите за реорганизација на работата на органите на државната управа, поточно министерствата.Оваа одлука на 4-те пратеници на АА не е во согласност со останатите пратеници на Европскиот фронт, кои гласале за предлогот на најголемата владеачката партија. Сепак, портпаролот на партијата, Арбен Зеќири нагласил дека АА останува дел од Европскиот фронт.„Пратениците на Алијансата за Албанците нема да учествуваат на седницата и нема да гласаат за законските измени бидејќи не се согласуваме со тој предлог. Остануваме дел од Европскиот фронт. За таа цел нашиот претставник денеска учествуваше на средбата на Европскиот фронт со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, но во исто време ја одржуваме и нашата автономија како политички субјект и го задржуваме ставот за одредени теми, односно не се согласуваме со ваквите законски измени“,вели Зеќири.
Поврзани објави
Николоски од Белград: Една од главните заложби на Владата и моја е изградба на брза пруга Скопје-Солун
Подобрување на инфраструктурата, особено во делот на Коридорот 10, е една од темите на кои ќе зборуваат со…
04.09.24 16:18
Инспекторите од утре ќе ги контролираат маржите на училишниот прибор
Од ДПИ велат дека ќе постапуваат исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со одлуката, но оти…
04.09.24 16:14
50 % роденденски попуст за 5 години А1
А1 Македонија, телекомуникациска компанија членка на Групацијата А1, ја прославува својата петта година од претставувањето на брендот на…
04.09.24 16:12