По 8 неуспешни обиди, до изборот на нов претседател, со Уставен ќе управуваат сите судии колективно

рет ден се гласа но без исход. Уставен суд е без претседател. И третиот кандидат кој беше единствен на гласачкото ливчер Осман Кадриу освоил 5 гласа, еден помалку од потребното двотретинско мнозинство.  Ова беше 8-ми неуспешен обид за избор на претседател.

Претходно утринава  Ана  Павловска – Данева се повлече од трката за да се деблокира процесот и да не дојде до уставна криза, сепак Татјана Васиќ – Бозаџиева и без противкандидатка, повторно доби само 5 гласа, исто како и Кадриу за кого се гласаше на пладне.

На Добирла Кацарска вчера и заврши претседателскиот мандат, а деловникот не предвидува ниту заменик претседател ниту вршител на должност. За да не дојде до блокада 9-мината судии одлучиле да управуваат колективно.

Со оглед дека се уште не е избран нов претседател на Судот, а со цел Уставниот суд да функционира непречено, судиите едногласно зазедоа став дека за прашањата кои се однесуваат на управувањето, да се одлучува колективно велат од Уставен.

Уставниот суд е колективно тело, секако дека одлуките ги носат со мнозинство, а претседателот е само прв меѓу еднаквите, во таа смисла е колективното одлучување за прашања кои се однесуваат на управувањето, објаснуваат од судот.

Поврзани објави
Total
0
Share