Почна увидот во кумановскиот суд

Почна увидот во Основниот суд Куманово, кој треба да ги покаже причините за пожарот што избувна завчера.

  • Увидот ќе го спроведува основен јавен обвинител од Скопје, ќе присуствувам и јас и дежурен обвинител од Куманово, увидна екипа од СВР Куманово заедно со кримтехнкка од Скопје, вешто лице електроинженер и инспектор за пожари. По завршување на увидот ќе ја информираме јавноста, изјави шефицата на кумановското обвинителство Теута Бедиу Рамадани.

Претседателката на Основен суд, Куманово, Снежана Манев кажа дека очекува увидот да ја покаже причината за пожарот.

  • По завршување на увидот, ќе започне уредувањето на подрумските простории. Дотогаш итните случаи ќе се решаваат во Кривичен суд Скопје кои по насоки на Судскиот совет и Министерство за правда, изјави Манев.

Куманово суд пожар

Пожарот во кумановскиот суд избувна завчера во 01:35 часот. Вчера имаше противпожарна стража и кумановските пожарникари во два наврати го гасеа димот од напластената архива.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share