Почна со работа НУ Музички ансамбл на Република Македонија – Тетово

Премиерот Талат Џафери присуствуваше на настан со кој се одбележа отворањето на новата музичка сцена во Тетово, односно основањето на националната установа – Музички ансамбл на Република Македонија – Тетово.

– ,,Основањето на оваа установа претставува реализација на долгогодишното барање на кадрите кои откако ќе завршеа факултет по музика, немаа каде да го продолжат својот професионален пат. Сега, во рамките на оваа установа во која ќе се негува и развива вокалната и инструменталната сериозна музика, како и популарната и џез музика, ќе можат да го негуваат и усовршуваат својот талент и својата пасија сите љубители на овој жанр, посочил Џафери .

Џафери информирше за очекуваното донесување на одлуката на Владата на предлог на Министерството за култура со која на оваа установа и се доделуваат на трајно користење простории кои сега се во државна сопственост.

– ,,Со основањето на Музичкиот ансамбл, придонесуваме кон подобрувањето на демократската рамноправност во нашата заедничка држава, Република Македонија и во оваа област од општествениот живот, истакна Џафери.

Поврзани објави
Total
0
Share