Почна предизборниот молк- денеска гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и дијаспората

Од ноќеска на полноќ почна предизборниот молк за претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат во текот на утрешниот ден.Молкот ќе трае до затворање на избирачките места односно до утре во 19 часот. На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи.Разликата во гласовите е 1033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство. Се гласа на 3480 избирачки места, а избирачите во текот на денот ќе можат само еднаш да го посетат избирачкото место и да гласаат.

Идентификацијата на гласачите ќе се врши со фингерпринт апарати.

Денеска гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и дијаспоратаА денеска во текот на денот ќе гласаат избирачите запишани во посебниот извод од избирачкиот список, односно дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштени и внатрешно раселените лица, односно ден пред изборите, први гласаат болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и, пријавените од дијаспората, но само за претседателските избори.Иако кампањата и подготовките за изборите се совпаднаа со велигденските празници, од ДИК велат дека се подготвени за двојните избори и дека навреме ги доставиле материјалите до општинските изборни комисии.За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања, потсетуваат од АВМУ.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share