Почина југословенската поп дива Слаѓана Милошевиќ

Познатата пејачка ѕвезда од Белград, Александра Слаѓана Милошевиќ почина на 68-годишна возраст во Србија.Поп-дивата која најголемите моменти во кариерата ги постигна во 80-тите години од минатиот век почина од тешка инфекција на белите дробови во болницата во Земун. Пред три години и беше дијагностицирана ретката автоимуна Сјегренова болест.Беше позната како пејачка која ги рушеше табуата во тогашната Југославија. Еден од поголемите хитови и беше песната „Мики, Мики“ која се уште може да се чуе и на македонските радио станици. Со песната „Амстердам“ во 1979-тата година се обиде да стигне до Евровизија, но не успеа да победи на националниот натпревар.Својот култен статус го „спечали“ со песната „Секси дама“ со стихови и музички стил кој ја размрда и музичката и општествената сцена во комунистичка Југославија. Песната беше забранета на многу радио станици и телевизии во Југославија.Во 1983-тата замина во Германија за да направи и интернационлана кариера, ја формираше групата „Neutral design“ и го издаде истоимениот албум со песни и на германски и на српско-хрватски јазик.Во кариерата долга 3 и пол децении беше позната по бескомпромисниот пристап на поп музиката и авангардниот музички стил. Ја почна музичката кариера на 19-годишна возраст, а настапи и на легендарниот концерт на „Бијело Дугме“ во паркот Ајдучка чешма во близина на Белград. Тогаш како предгрупа го испеа хитот „Ау, Ау“.Поп дивата на поранешната држава исто така бриљираше и на уште домашен југословенски настап за Еуровизија кога со Дадо Топиќ ја испеа песната „Принцеза“.

Поврзани објави
Total
0
Share