Почина жената која минатиот месец кај Прешево ја застрела тетовец, а потоа се самоуби

Во Клиничкиот центар во Ниш почина триесетгодишната жена од Велик Дренова кај Трстеник, Србија, која на 7 март кај наплатната рампа Прешево во Србија ја застрела 52-годишен Албанец од Тетово, а потоа самиот си пукаше во главата.

Пациентката В.Ј. (30) која по полноќ на 8 март, поради повреди добиени од огнено оружје, од Врање беше донесна во Универзитетскиот клинички центар во Ниш и која по хируршките зафати беше хоспитализирана на Клиниката за анестезија, им подлегна на повредите и покрај сите напори на лекарите од Клиничкиот центар“, објави белградски Блиц повикувајќи се на соопштение од клиниката.

Трагедијата се случи кај наплатната рампа кај Прешево, блиску до границата со Македонија. Очевидци тогаш рекоа дека најпрво дошло до расправија во возилото марка ауди меѓу мажот од Тетово и неговата сопатничка, државјанка на Србија, по што таа истрчала од автомобилот, а мажот пукал во неа. Потоа тој се самоубил.

Жената давала знаци на живот и веднаш била однесена во Здравствениот дом во Врање. Тамошните лекари утврдиле дека се потребни сложени хируршки интервенции па била донесена одлуката веднаш со возило на итната помош да биде транспортирана на Универзитетскиот клинички центар во Ниш. Таму била примена половина час по полноќ. Веднаш биле направени сложени хирирушки операции. Нејзината борба за живот траеше точно еден месец.

Мотивите за убиството и самоубиството и натаму се непознати.

Поврзани објави
Total
0
Share