Почина едно од трите ранети деца во пукањето во училиште во Финска

Почина едно од трите деца кои утринава беа ранети во пукање во основно училиште во градот Вантаа во близина на финската метропола Хелсинки. Се работи за 12-годишник, а на иста возраст се и другите две деца кои се тешко ранети во престрелката. Момчето, како што објави Би-би-си, им подлегнало на повредите на самото место.

Осомничен за вооружениот напад е друг 12-годишник кој во моментов е во притвор.

Тој, како што соопшти финската полиција, бил приведен на мирен начин во северниот кварт Силтамаки кај главниот град Хелсинки околу 10 часот по локално време. Во моментот на апсењето момчето со себе го носело огненото оружје кое му било одземено од страна на полициските службеници.

Во првичниот разговор, 12-годишникот признал дека го извршил пукањето во училиштето.

Училиштето „Виертола“ во кое се случи инцидентот има 800 ученици на возраст од седум до 16 години и околу 90 вработени. Престрелката се случила во делот од училиштето каде што учат ученици на возраст од 9-13 години.

Поврзани објави
Total
0
Share