На 55-годишна возраст вчера ненадејно почина Антон Андов, уредник на постпродукција и графика во „Слободен печат“.
Тој претходно беше дел од екипите на А1 телевизија, Канал 5 телевизија и продукциите „Видео лаб“ и „Прва продукција“.
Неговиот ведар дух, колегијалност и исполнителност ќе останат засекогаш запаметени. Зад себе ги остави сопругата и двете деца.