Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

26-годишната девојка од Кавадараци, чие безживотно тело вчера беше пронајдено во куќа во близина на Градската црква „Свети Никола“ во Штип, неофицијално е ќерка на жената која лани во Кавадарци уби маж и го запали неговиот труп.За девојката од Кавадарци е познато дека во Штип престојувала како потстанар. Сеуште нема официјални информации за обдукцијата. Неофицијално, според информации на „Скопјеинфо“, таа дошла во Штип во посета на својата мајка која одлежува казна во тамошниот затвор.СВР Штип работи на расчистување на случајот.

Поврзани објави
Total
0
Share