Поранешни амбасадори за КЛАН ТВ:Корупцијата не се мери само на централно туку и на локално ниво, власта молчи за работењето на градоначалниците

Поранешните амбасадори Нано Ружин и Мухамед Халили ,во вечерашната Клан дебата со Љубиша Николовски се осврнаа на текот на изборната кампања и ветувањата на политичарите.

Според Ружин, програмата на политичките партии е чудна работа во политичките науки.  ,,Во центарот на кампањата е политичката игра, политичката лага.Денешните политичари настојуваат со ветувања и празни фрази да придонесат да реагира граѓанинот.Човекот е лесен за манипулација. Политиката не може да постои ако не постои лага. Првата метода е лага во очи, втора е лага на пазар и трета метода се лажни вести и дезинформации Корупцијата се мери на централно но и на локално ниво.Никој од СДСМ не кажал досега дека корупцијата ни е заедничка болка,” рече Ружин.

Мухамед Халили, поранешен амбасадор во Данска и Белгија направи компарации како таму се одвивале кампањите.Тврди дека оваа кампања е страшно медиумски покриена, со билборди и реклами.

,,Освен една кандидатка која има скромна кампања, тоа е професорката Ванковска. Мене тоа ме бендисува. Еден дел од големите трошоци можеше да биде намален. Не треба толку пари да се даваат. Истото се однесува и кај Пендаровски и кај Силјановска.Јас сум имал прилика да гледам на парламентарни избори  и во Белгија и во Данска. Таму е поскромно, од пазар, од куќа во куќа се оди.Нема силни кампањи и реклами.Разликата е што кандидатите таму држат говори на помали групи. Во нашата земја има разлика меѓу лага и манипулација.Премиерите и претседателите на партии се покажале како лажговци и манипуланти.Имаат голема шанса да манипулираат, да прават превид кај гласачите.Картите ги мешаат на митинзите. Најголемата грешка е што политичките партии ги злоупотребуваат граѓаните”,изјави Халили.

Политичкиот аналитичар Александар Пандов смета дека луѓето лажат не само во политиката, има и во обичниот живот.,, Силјановска вели дека преку политиката успеала да си го запознае својот народ.Силјановска е супер интелектуалка, меѓународно призната. Корупцијата и криминалот се најголем проблем во државата. Силјановска ветува а јас и верувам дека најпознатите професори и правници ќе бидат членови на Судски совет”,потенцира Пандов во емисијата КЛАН дебата.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share