Поранешни амбасадори за КЛАН ТВ:Главен проблем за членство во ЕУ  е корупцијата

Поранешните амбасадори Мухамед Халили и Нано Ружин се убедени дека ќе мора да има компромис и отстапки за промени на Уставот со цел да се овозможи побрза интеграција на државата во европското семејство. Поголем проблем според нив е високото ниво на корупција на што се посочува и во најновиот извештај на Фридом Хаус.

,, Извештајот на Фридом Хаус е премногу остар во делот на корупцијата и владеењето на правото. Сите политички партии на Албанците во програмата бараат  да се отвори Уставот и да влеземе во ЕУ.Тие бараат компромис и отстапки, и тоа ќе го има и од ВМРО ДПМНЕ, дилеми тука нема. Јас лично сметам дека сегашната власт ја искористува интеграцијата како алиби, а главниот проблем е корупцијата” Промена на Преамбулата на Уставот е сизифова работа. Со Преспанскиот договор победи Димитров а изгубија сите лидери на политичките партии на Албанците.Димитров успеа да го впише македонскиот јазик како единствен службен јазик .Сите политички битки во преамбулата биле најтешки но дефиницијата е во преамбулата,”вели Халили.

Според аналитичарот и поранешен член на ИК на ВМРО ДПМНЕ , Александар Пандов никој во ВМРО ДПМНЕ не мислел дека е страшно Бугарите да влезат во Уставот, но тоа не смее да биде под бугарски диктат.

,, Дајте ми од ЕУ гаранции дека нема да има нови вета и блокади. Имаме три барања, да се признае и  дека има македонци во Бугарија,ЕУ да одвои финансиски средства. Јас верувам дека искрено ќе најдеме соговорници и со помош на САД.Пендаровски ги лаже луѓето дека ако ги внесеме Бугарите во Уставот ќе имаме рај”,посочи Пандов.

 Тој тврди дека Влада ќе формира ВМРО ДПМНЕ. Претседател на Владата ќе биде Христијан Мицкоски и ќе коалицираат со албанската опозиција. ДУИ и СДСМ ќе одат во опозиција.

За поранешниот амбасадор ,Нано Ружин евроскептицизмот бил оправдан.

,,Во минатото се носени  храбри одлуки, почнувајќи  од Охридскиот, Преспанскиот договор кои ги носеа СДСМ и ДУИ . Народот сака да му се ветува, затоа политичарот понекогаш е приморан да лаже. Политичарите треба да се соочат со народот .Ако успеете да формирате Влада, како очекувате да се однесува на пример СДСМ? Сите политичари се виновни за тоа што доцневме во сите реформски процеси”,изјави Ружин во емисијата КЛАН дебата со Љубиша Николовски.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share