Полицијата поднесе кривична пријава против новинарот Фуркан Салиу

Полицијата денеска поднела кривична пријава против новинарот Фуркан Салиу и уште едно лице.

Двајцата се осомничени за делото „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

„Ве известуваме дека по целосно документирање на настанот, на 11.04.2024 од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје до ОЈО Скопје против лицата Н.Ј. и Ф.С. поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело ’спречување службено лице во вршење службено дејствие‘ по член 382 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Салиу на социјалните мрежи објави дека не верува дека МВР може да го докаже делото.

Поврзани објави
Total
0
Share