Телото на двегодишната Данка Илиќ се уште не е пронајдено, таа беше убиена на 26 март, а на 4 април беа уапсени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, работници на ЈКП „Водовод“ од Бор. Во полиција тие го принаа злосторството, но покрај тоа Дејан Драгијевиќ одби да каже каде е телото.
Од тој ден полицијата деноноќно ги пребарува селата кај Бор. Полицијата рано утринава дошла во Шумраковац, прво село до Злот, од каде што е осомничениот Дејан Драгијевиќ. Според надлежните од српската полиција потрагата по детето нема да престане додека не го најдат.
Вчера беше погребан 40-годишниот Далибор Драгијевиќ, братот на Дејан Драгијевиќ, на селските гробишта во Злот кај Бор. Тој починал во притвор како последица на срцев удар, а обвинет е и за соучесништво во убиството на малата Данка.