Полициски хеликоптери полетаа кон Ајватовци, повторно се разгоре пожарот

Пожарот кај Ајватовци се уште е активен на еден крак, односно под репетиторите, додека останатите делови се изгаснати. Разгорувањето на пожарот на едниот крај создава опасност, поради која е побарана помош од Министерството за внатрешни работи.

„Два полициски хеликоптери се итно ангажирани од кои еден е веќе на терен и започна со гаснење, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.


Тој додаде дека на лице место се пожарникари од Скопје и доброволци од Доброволното друштво од Свети Николе со поддршка од локалното население.

Синоќа Ангелов информираше дека пожарот зафатил поголема површина од најмалку 30-тина хектари од кои поголемиот дел е зимзелена шума

Поврзани објави
Total
0
Share