Политичарите се најголеми сејачи на токсични наративи – Извештај на ИКС

 Со наближувањето на изборите се зголемува интензитетот на комуникацијата на политичките актери. Тие продолжуваат да бидат главен извор на штетни наративи при што зачестено користат остар јазик со емотивен набој во комуникацијата преку партиските веб-страници и фејсбук-профилите. Се користат непроверени податоци, селективно се презентираат информации, со што се оневозможува јавноста да добие целосна слика за работењето на политичките субјекти и не може да донесе информирана одлука, особено кога станува збор за изборните процеси.

Ова е оценката од третиот  извештај во рамки на истражувањето „Мерење на политички штетни наративи“ (ШТЕТ-НА) на Институтот за комуникациски студии (ИКС), во кој се сублимирани податоците од мониторингот на комуникациските практики на политичките актери и нивното пренесување во медиумите во јануари и февруари 2024 година, во кои се идентификувани штетни наративи.

– Најголемите партии се и најголеми сејачи на токсични наративи (Прва е ВМРО-ДПМНЕ, а потоа  СДСМ), па нив доминантно ги има и во медиумите. Покрај тоа што се почесто се изнесуваат непоткрепени обвинувања кон политичките опоненти има и зачестена појава на популистички дискурс и зачестени етноцентристички наративи. Ова е забележително особено кај партиите на Албанците, кои посегнуваат по реторика за величање на националната припадност и инсистирање на етничка персонализација на првите функции (премиер и претседател на државата). Заштитата на националните интереси на Албанците во државава е во фокус на промоцијата на сопствените идеологии во штетните објави на ДУИ, Европскиот сојуз за промени и Алијанса на Албанците. Исто така, политичките актери сè почесто меѓусебно непоткрепено се обвинуваат дека водат политики под „странско влијание“, стои во извештајот.

Поврзани објави
Total
0
Share