Пожар во Истанбул ,загинаа најмалку 29 луѓе

Страотен пожар во Истанбул однесе во смрт 29 луѓе.Најмалку 29 луѓе загинаа во пожар кој избувна при реновирањето на ноќен клуб, а уште осум се повредени, од кои седум се во сериозна состојба. Пожарот избил во централната област Бешикташ и сите загинати се градежни работници.Како што објави новинската агенција „Анадолу“, пожарот почнал за време на реновирањето на објектот кој зафаќа два подземни ката во 16-катна станбена зграда.Издаден е налог за апсење на пет лица, вклучувајќи тројца кои раководат со ноќниот клуб. Причините за пожарот засега се непознати.

Поврзани објави
Total
0
Share