Четворица вработени во затворот Идризово завршиле на Токсикологија, како последица од пожар што избувнал во женското одделение на затворот, кој го потврди Министерството за внатрешни работи .
„Вчера во 19:55 часот во СВР Скопје од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворениот дел од женското одделение настанал пожар во една од просториите“, соопшти МВР.
Според информациите, нивната состојба е стабилна, а неофицијално пожарот бил подметнат од затворенички кои запалиле постелнини и душеци.