Пожарите на Шар Планина и Маврово ставени под контрола

Пожарите во националните паркови Шар Планина и Маврово станаа секојдневие. Само што ќе се изгасне еден пожар, набрзо се појавува друг. Ренџерските служби од двата парка имаат полни раце работа, а поради големината на пожарите, побарана е и воздушна поддршка за нивното гаснење. Според најновите информации добиени од ЦУК, и двата големи пожара веќе се ставени под контрола.„ЦУК Тетово известува дека пожарот што започна вчера над селото Ѓермо во националниот парк Шар Планина е локализиран. Само на едно место има малку чадење и интервенираат две лица од националниот парк за целосно да биде изгаснат. Со пожарот биле зафатени букова шума, папрат и сува трева“, соопштуваат од ЦУК.

Поврзани објави
Total
0
Share