Поглаварот на МПЦ,Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со светиот архијерејски синод, во честитката по повод велигденските празнувања испраќајќи порака за мир и благослов, се осврнува и на вековната традиција на македонскиот народ за кој вели „успевал и сѐ уште успева достоинствено да ги извојува сите битки и да им одолее на сите непријателски настроенија, исполнети со лукави намери и со зли цели“.

,,Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ, и молитвено да притекнеме кон Бога и кон закрилникот на нашата најсвета автокефална Охридска и Македонска Црква – кон светиот Климент Охридски, та, по примерот на нашите предци, да се избориме со сите неприлики со коишто катадневно се соочуваме.Но, сето ова ќе го постигнеме само ако си ги зацврстиме единството, слогата и сплотеноста, односно само ако трајно ги надминеме внатрешните разногласија и меѓусебните поделби и несогласувања”,се вели во честитката.

Поврзани објави
Total
0
Share