Повторно се тресе тлото во Црна Гора

Како што е наведено на веб-страницата, првиот послаб земјотрес со јачина од 1,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 01 часот и 34 минути во областа Голија.

Најмалку три послаби земјотреси ја погодија Црна Гора во текот на ноќта и рано утринава.

Нов земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтеровата скала во 14 часот и 31 минути ја погоди Црна Гора, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот, кој бил краткотраен и бил почувствуван како благ потрес, бил на 32 км од Никшиќ, односно на 25 км од Билеќа во БиХ, на длабочина од 11 километри.

Поврзани објави
Total
0
Share