Повреда на избирачко право утре ќе може да се пријави на бесплатна телефонска линија и лично во канцелариите на Народниот правобранител

На бесплатната телефонска линија 0800 54321 утре, на денот на одржување на вториот круг на претседателските избори и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право, информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител.Освен телефонски, повреда на избирачкото право граѓаните ќе можат да пријават и лично од 7 до 19 часот во канцеларијата на Народниот правобранител во ценарот на Скопје, која се наоѓа на улица „Македонија“ број 19, веднаш спроти Спромен куќата на Мајка Тереза.

Дежурни канцеларии на Народниот правобранител ќе има и во Струмица на телефонски број (034)329-996, Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488“,пишува во соопштението од канцеларијата на Народниот правобранител.

Со цел да го заштити избирачкото право на граѓаните, како што соопштија од неговата канцеларија, Народниот правобраните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Поврзани објави
Total
0
Share