Пламна „Форд“ кај „Скендербег“ додека сопственикот бил внатре

Автомобил се запали преттпладнево кај плоштадот „Скендербег”, на влезот пред Старата скопска чаршија, додека сопственикот се наоѓал во возилото. кое е изгасено со интервенција на противапжарните екипи.

„Не знам како се запали, почна од хаубата да гори, јас излегов брзо од возилото“, изјави сопственикот.

Противпожарната екипа со четири пожарникари стигна за неколку минути по избувнување на пожарот  по што за кратко време пожарот беше изгаснат.

Од МВР соопштија дека нема повредени.

Денеска (22.08.2023) во 10.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на бул.„Филип Втори Македонски“ при движење настанал пожар во патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.П.(70) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share