Полициски патроли се уште го обезбедуваат дворот од кој исчезна девојчето Данка Илиќ (2).Како засилување пристигнале две специјалистички спасувачки екипи Белград и Нови Сад, од Секторот за вонредни состојби на МВР.Екипите ги сочинуваат 18 пожарникари-спасувачи со 5 теренски возила и едно куче спасител.Полициските службеници вчера разговарале и со жителите на Бањско Поље и извршиле увид во нивните куќи.Потрагата по Данка Илиќ (2) влезе во петтиот ден.Данка Илиќ последен пат е видена во вторникот околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле. Во моментот на исчезнувањето таа носела виолетови панталони, маслинесто зелена јакна, а косата и била врзана во опавче.Системот „Најди ме“ за прв пат е активиран во Србија поради нејзиното исчезнување, а како што е наведено на сајтот „pronađime.mup.gov.rs“, девојчето има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри.
Поврзани објави
Двајца загинати и неколкумина повредени во експлозија на бомба во Цетиње
Две лица загинаа, а неколкумина се повредени утрово во Цетиње, откако недалеку од тамошниот Спортски центар била активирана…
20.06.24 09:24
Грчки медиуми: Мицкоски ќе положи заклетва со уставното име
Изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски поврзани со името, поднесениот…
19.06.24 13:13
Грција предлага ЕУ привремено да ги прифати децата погодени од војната во Газа
Европа има должност да прифаќа деца повредени и трауматизирани од војната во Газа се додека трае конфликтот, изјави…
19.06.24 09:35