Петровска: Ќе работам со членството, оставката на Заев не ги реши пропустите во СДСМ

По 24 години членство, ја имав таа чест и привилегија да ја поднесам кандидатиурата со која поднесов и Манифестот за социјалдемократијата, тоа е мојата програма во која се итните приоритетите на идното раководство на СДСМ по големиот пораз што го доживеавме, рече Петровска во изјава за медиумите.

„Иако и во минатото СДСМ доживувала и порази и победи, морам да нагласам дека станува збор за специфична ситуација имајќи ги предвид и вкупните политички односи. На Северна Македонија не ѝ е потребна слаба или никаква опозиција. Затоа, главен предвизвик е СДСМ да се исправи, да продолжи по патот на социјалдемократската идеологија и како јака опозиција да го гарантира и патот на Северна Македонија“, рече Петровска.

Таа додаде дека треба да се консолидираат внатрешните партиски редови.

„Убедена сум дека СДСМ ќе се исправи и повторно ќе победи“, нагласи Петровска.

„Незадоволството е разбирливо. Не сакам кавги, туку дебати. Ниедна причина за поразот не смее да биде скриена. Грешка ни се случи во 2021 година кога се сметаше дека само со заминувањето на Зоран Заев од функцијата претседател на СДСМ ќе се надминат некои пропусти. Но потребни биле посериозни промени и јас ги увидов“, нагласи Петровска.

Таа рече дека се консултирала со мудри членови, но не сакаше да каже имиња, нагласувајќи дека тие ако сметаат дека е потребно, можат да ѝ искажат јавна поддршка.

Петровска рече дека нема проблем и да потпише изјава каква што предлага најавениот противкандидат Јован Деспотовски, кој бара да нема пазарења и тој што нема да биде избран за лидер да не може да добие друга партиска функција. Но додаде дека таа има уште две сугестии.

„Една од причините за поразите е присвојувањето на членството и дистанцирањето едни од други. Не сакам да оставам сомнеж дека учествувам во некакви пазари или договарања. Но не се натпреваруваме за државни функции“, рече таа.

Таа нагласи дека преку средби и разговори ќе работи на обединување на членството.

Поврзани објави
Total
0
Share