Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ – за десет дена трипати си го погазивте зборот

Ексминистерката за одбрана и актуелна пратеничка од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, преку објава на Фејсбук ја прозва ВМРО-ДПМНЕ по синоќешното гласање на законските измени за реорганизација на министерствата кон кое, по средбата со претставници на партијата на Христијан Мицкоски, во последен момент се приклучија дел од пратениците на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ.

,,Каде сте ‘патриотчиња’? Каде сте, кај отидовте? За вас плаче… На власт се, не ги барајте! ДПМНЕ + ДУИ “,пишува Петровска во објавата на Фејсбук.

Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, Петровска, меѓу другото, потсети на изјавите кои во предизборието ги даваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оти ДУИ повеќе не е фактор и треба да се игнорира.

,,На 26 февруари Мицкоски рече дека ДУИ не е повеќе фактор и треба да се игнорира. Денеска, како што можеше јавноста да види, воопшто не биле игнорирани, на средба со ВМРО-ДПМНЕ се договарале. На 24 април Мицкоски обвини дека СДСМ се пудлици во скутот на ДУИ. После денешната средба и коалиција прашањето е кој во чиј скут седи?“,рече Петровска.

Поврзани објави
Total
0
Share