Пензискиот фонд е стабилен и нема потреба од предизвикување паника, велат од Министерството за труд и социјална политика

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) преку соопштение ги демантира и отфрла обвинувањата и тврдењата дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во криза и дека државата доцни со исплатите кон банките
Од МТСП информираат дека сега како и во изминатите години нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, а растот на истите е континуиран и јасно забележлив. Трансферите кон ПИОМ се навремени и сигурни, дури и во време на Ковид пандемијата, кога започна првата предвремена исплата на пензиите.

„Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, и воведувањето на новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот пензиите пораснаа за околу 21 %. Првото усогласување во Септември 2022 година беше 6.8%, второто во Март 2023 година – 8.4% и моменталната проекција за Септември 2023 година- најмалку 6 отсто“,

се вели во соопштението на МТСП.
Од таму дополнуваат и дека ниту едно од овие зголемувања не ја загрозила стабилноста на Фондот, ниту ја пореметила редовната исплата на пензиите што пак е јасен показател на посветеноста кон граѓаните и стратешкиот избор на донесени политики како и долгорочното планирање кое обезбедува стабилност на Пензискиот Фонд, но и сигурност на пензионерите.

„Пензионерите се приоритет на Владата на Република Северна Македонија. Во овој владин состав се донесоа низа мерки за помош и поддршка на пензионерите, и трендот не сопира. Предлозите од пензионерите се на маса, се дискутира за истите и во најскоро време ќе продолжиме со промоција на нови мерки и пакети кои ќе осигурат достоинствен живот на пензионерите и понатаму“,

велат од МТСП.
Тие апелираат да не се креира страв кај пензионерите и да не се манипулира со недостатокот на информации, кои според МТСП се со цел да се обезбеди масовност на протестите кои се политички обоени.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share