Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба

Поранешниот претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски по предавањето на функцијата, објави фотографии и краток Фејсбук статус.

„Благодарност до сите граѓани за укажаната доверба и на сите соработници со кои заеднички работевме во изминатите пет години“, напиша Пендаровски на својата фејсбук страна.

Вчера беше последниот работен ден за Пендаровски во Вила Водно. Тој ја извршуваше функцијата претседател на државата во периодот од 2019 до 2024 година. 

Поврзани објави
Total
0
Share