Пендаровски поразен во Центар, Карпош и Кисела Вода, единствено води во Крушево и Маврово и Ростуша

Во скопските општини Центар, Карпош и Кисела Вода, претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова, со убедлива победа пред Стево Пендаровски.

Според последните податоци од Државната изборна комисија во Центар Давкова освои 40,02%, додека за Пендаровски гласале 32,57% од граѓаните.

Во Карпош, 41,49% за Силјановска, а 26,16% за Пендаровски.

Во Аеродром повеќе од двојно гласови освои Силјановска, односно 51.09% од гласовите, додека на контото на Пендаровски се слеаја 21,63% од гласовите.

Во општината Кисела Вода само 19,11 % гласале за Пендаровски, а Силјановска освоила 56,22% од гласовите.

Во општината Илинден огормна е разликата меѓу Силјановска и Пендаровски, таа освои 62,87% од гласовите, а за Пандаровски гласале само 11,46%.

За разлика од овие општини во Чаир најголем број гласови освоил Бујар Османи 40.53%, а Арбен Таравари 35,44%.

Поврзани објави
Total
0
Share