Пендаровски: Немајте верба во луѓе кои насилниците ги нарекуваат уставобранители

„Нам никогаш не ни паднало на памет да ги тепаме другите пратеници, но опозицијата тоа го направи на 27 април. И денес најавуваат дека тие насилници ќе добијат амнестија, дали ви се верува?“, запраша претседателот Стево Пендаровски на граѓанската трибина во Охрид.Тој додаде дека партијата која во 2012 ги избрка новинарите и пратениците од Собрание, а во 2017 засилени со толпа која тие ја организираа тепаа пратеници и ги доведоа до работ меѓу живот и смрт сега ќе ги амнестирале насилниците.„Немајте верба во луѓето кои насилниците ги нарекуваат уставобранители, а нас не нарекуваат предавници. Не верувајте во луѓе кои велат дека тие се патриоти, ние изроди. Не верувајте на луѓе кои сакаат да се доберат до власт и после да владеат како ништо да не се сменило од 2017 година. Од вас барам масовна поддршка и мобилизација, затоа што мое длабоко уверување е дека на 24 април ќе се оцртаат и знаат и резултатите од 8 мај“, рече Пендаровски.Претседателот додаде дека добро е да се покаже на оние кои не мислат добро и даваат вакви испробани модели, да им се покаже дека просперитетот на народот и државата се поважни.

Поврзани објави
Total
0
Share