Пендаровски на митинг во Пробиштип

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва одржа митинг во Пробиштип.

,,Не постои ниту еден граѓанин кој сакал да ме види, да поразговара со мене, а да не сум го сретнал. Не постои ниту еден граѓанин кој побарал помош од мене, а да не сум се обидел во рамки на моите можности, да му помогнам.
И не постои ниту еден граѓанин кој може да каже дека сум го навредил зошто не е Македонец, или затоа што е од одредена политичка структура.

Граѓаните на Пробиштип тоа го знаат и заедно со нив ќе останеме на врвот и по 8 мај”,рече Пендаровски.

Поврзани објави
Total
0
Share