Пендаровски: Мојот став за избор на претседател во Собрание е јасен, прашањето е дали ДПМНЕ го промениле ставот?

По прозивката од ВМРО ДПМНЕ,претседателскиот кандидат Стево Пендаровски да се изјасни за условот на ДУИ- изборот на претседател на државата да се врши во Собранието,од изборниот штаб на Пендаровски велиат:„Пендаровски се има изјаснето на оваа тема. Прашањето е дали ДПМНЕ го промениле ставот?

Инаку, Пендаровски кога ја најави кандидатурата за втор претседателски мандат беше прашан за избор на претседател на државата во Собрание, а тој посочи дека е подобро да се има независен шеф на државата.– И пред да бидам претседател, но и сега имам став околу тоа прашање. Далеку е подобро да имате претседател кој е независен во однос на политичките субјекти, па и во однос на економските центри на моќ. На пример, во 2019 година за аферата „Рекет“ бев во директна колизија со ставовите на тогаш владејачката партија. Ако тогаш бев избран во Собранието, ќе бев сменет од оваа функција истото попладне, и затоа мислам дека на Македонија ѝ е потребна една ваква независна институција, која дури и на оние кои го предложиле и го гласале ќе им каже кога претерале – изјави Пендаровски, одговарајќи на новинарско прашање.

Поврзани објави
Total
0
Share