Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Држава која преговара со Европската Унија не смее да си дозволи лош изборен процес, порача претпладнево претседателскиот кандидат Стево Пендаровски по гласањето на своето избирачко место, додавајќи дека очекува мирен изборен ден.Очекувам мирен изборен ден, мирен прв изборен круг. Се разбира така очекувам да биде и на 8 мај кога ќе имаме парламентарни и втор круг претседателски избори. Тоа е исклучително битно, не толку за индивидуалните кариери на секој од нас кандидатите на овие претседателски избори, туку е исклучително битно за целата држава зашто држава која преговара со Европската Унија не смее да си дозволи лош изборен процес, изјави Пендаровски.Според него, државава како независна повеќе од 30 години има поминато многу изборни циклуси и се надева дека како и минатиот пат, така и сега на гласањето ќе се запазат највисоките европски и меѓународни стандарди.

Поврзани објави
Total
0
Share