Пендаровски го повика Мицкоски на дуел: Очигледно тој е кандидат за претседател

Актуелниот претседател и кандидат за втор мандат за шеф на државата, Стево Пендаровски предлага да има вистински, реален дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Пендаровски предлогот го даде вечерва на неговиот предизборен митинг во Делчево, одговарајќи на прашање од граѓанин дали ќе има предизборен дуел. Рече дека го предлага тоа бидејќи „Христијан Мицкоски, очигледно, тој е кандидат за претседател, Силјановска не ја гледаме каде е“.

,, Сите седуммина, пред сите телевизии да имаме најмалку две соочувања пред првиот круг и тие што ќе поминат во вториот круг, уште една потоа. Меѓутоа од страна на најголемата опозициона партија прво бевме одбиени бидејќи побараа двајца од кандидатите да не учествуваат. После се пишманија, меѓутоа потоа три од најголемите телевизии, најгледани телевизии во Македонија се откажаа, не знам од кои причини“,рече Пендаровски.

Поврзани објави
Total
0
Share