Шести ден од кампањата за претседателските избори, претседателските кандидати преку митинзи, дебати, како и средби со граѓани, ги презентираат нивните програми.
Кандидатот поддржан од СДСМ и Коалицијата и актуелен претседател, Стево Пендаровски, кој ќе ја бара поддршката од граѓаните за втор мандат, ќе одржи средба со граѓаните на Пехчево. Потоа од 18:30 Пендаровски ќе има митинг во Берово, а од 20:00 е закажан митинг во Делчево.
Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, денеска ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Теарце, Брвеница, Ѓорче Петров, Куманово.
Кандидатот за претседател на државата од Европскиот фронт, Бујар Османи ќе одржи отворена дискусија на тема: Граѓански устав vs. Oхридски устав.
Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата „Манифест за Македонија“ во Тетово и околината.
Билјана Ванковска, кандидат за претседател од Левица ја продолжува претседателската кампања во Автокоманда, Општина Гази Баба.