Водечката екипа во ВМФЛ, екипата на Беса 1976 убедливо слави над Тетекс во рамките на 28. коло. Се слави и во Битола бидејќи Пелистер со триумф на гостувањето кај Башкими си го осигура местоот меѓу прволигашите следната сезона.
Новиот првак Беса го наполни голот на Тетекс и славеше на гостувањето во Тетово со убедливи 0-7. Рано во натпреварот гостите поведоа со убедливи 0-3 преку Емир Скендери, Малиќ Белули и Хамза Меметриза. Во второто полувреме резервистите на Беса дадоа по два гола за убедлива крајна победа. Со овие три бода екипата на Таневски го осигура и првото место и второлигашката шампионска титула.
Екипата на битолски Пелистер се чекира меѓу прволигашите, откако слави на гостувањето кај Башкими со 1-2. „Зелено-белите“ со оваа победа и новиот кикс на Детонит и математички се осигураа во ПМФЛ за следната сезона.
Фудбалерите на Охрид со 3-1 славеа во дуелот против Детонит Плачковица. Резултатот го отвори Филип Димоски, а до полувремето погоди Наумче Бакрачески од пенал. Истиот фудбалер ја реализира и најстрогата казна и во вториот дел за охриѓани, додека конечниот резултат го постави Лука Трајкоски.