Пелегрини победи на изборите во Словачка

Претходниот претседател на парламентот, Петер Пелегрини, кој е кандидат на владејачката коалиција за претседател на Словачка, победи во вториот круг од претседателските избори, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на речиси комплетните резултати од гласањето.Со преброени 99,8 отсто од гласачките ливчиња, Пелегрини добил 53,20 отсто наспроти 46,80 отсто за неговиот проевропски противкандидат Иван Корчок, покажуваат податоците објавени од Словачкиот завод за статистика. -Тоа е голема сатисфакција. Сакам да бидам претседател кој ќе ги штити националните интереси на Словачка, рече Пелегрини во говорот пред своите поддржувачи. Пелегрини увери дека сака да направи се за да може Словачка да остане на страната на мирот, а не на страната на војната. Словачкиот опозициски претседателски кандидат Иван Корчок го призна поразот во гласањето и му честиташе на Пелегрини за победата.

Поврзани објави
Total
0
Share